Skip to content
360expPublic beta
Log in
Back to events
Music

Павле Камилоски & Камерен оркестар

Friday, December 4, 2026 · 8:00 PMМакедонска Филхармонија · Скопје

Save the event and we tell you if the date, time or venue changes.

Get the iPhone app

Line-up

Description

Read more

Ексклузивна музичко-сценска вечер со Павле Камилоски & Камерен оркестар

4 Декември | Македонска филхармонија/ 20ч.

Постојат гласови кои не само што пеат, туку раскажуваат приказни, будат спомени и носат емоции кои остануваат долго по последниот аплауз.
Павле Камилоски е еден од најпрепознатливите и најавтентични изведувачи на медитеранската и домашната музика.
Уметник, чиј раскошен вокал, интерпретација и сценска харизма, успеваат да ја доближат магијата на италијанската канцона до домашната публика.
Неговите настапи се препознатливи по музичката префинетост, но и по искрената комуникација којашто тој ја има со слушателите, создавајќи атмосфера која потсетува на најубавите музички вечери на Медитеранот.
На 4 ноември, во големата концертна сала на Македонската филхармонија, Павле Камилоски ќе ја поведе публиката на уникатно музичко патување низ безвременските италијански класици, најпознатоте македонски евергрини и својата авторска музика, спојувајќи две музички традиции во една единствена концертна приказна.

Концертот е замислен како ексклузивно музичко и визуелно доживување, реализирано со гудачки оркестар, бенд во живо, современо сценско осветлување, внимателно осмислена продукција и специјални гости кои дополнително ќе ја збогатат вечерта. Целта е да се создаде концертно искуство на највисоко професионално ниво, достојно за реномето на Македонската филхармонија и очекувањата на публиката.

MusicPerforming arts

Additional insights

AI generated

Automatic suggestions kept separate from the organizer's official information.

Музичко-сценска вечер со Павле Камилоски и камерен оркестар во големата концертна сала на Македонската филхармонија во 20ч. Програмата вклучува италијански класици, македонски евергрини и авторска музика. Концертот е со гудачки оркестар, бенд во живо, сценско осветлување и специјални гости. Описот наведува два различни датуми: 4 декември и 4 ноември.

MusicConcerts

Via karti.com.mk